Јахјага: Косово и Македонија да најдат заедничко решение

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага  ги повика владите во  Приштина и во Скопје да најдат заедничко решение за да се нормализира слободниот проток на стока и луѓе меѓу Македонија и Косово.

Според Јахјага, недоразбирањата треба да се решат институционално според правилата на ЦЕФТА.

– Косово и Македонија се во процес на евроинтеграција и за да ја постигнат таа цел треба меѓусебно да си помагаат. Слободното движење на луѓе и стока е еден од основните предуслови за добри меѓусоседски односи и евроинтеграции, изјави Јахјага по средбата во Приштина со словенечкиот пртседател Борут Пахор.

Во меѓувреме,  и покрај апелите за нормализација на состојбата, продолжува ембаргото за македонски производи на Косово, како и плаќањето такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија.

Границата меѓу двете земји поради блокадата на транспортерите на граничните премини може да се помине само пеш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Се зголеми кинескиот извоз

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува