„Со денови Димитар Ковачевски молчи и не демантира дали уставните измени опфаќаат бинационална држава? Димитар Ковачевски кој не излегол на избори, и не влече легитимитет од гласење од страна на народот, туку од волјата на ДУИ, е заложник на нивните интереси. Ковачевски треба да одговори на јавноста дали Груби кажал, а тој прифатил Македонија да стане држава на два народи, односно бинационална држава? И дали за тоа требало да има посебна кампања во претстојниот период со која требало да се убеди јавноста, во таа идеја?“, прашува Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според нашите информации кои ги објавивме во Комисијата за подготовка на уставни амандмани, се разговарало Македонија да биде бинационална држава, односно држава на два народи, неколку етнички заедници и малцинства. Ваквиот план на власта е поразувачки, наместо Македонија да се бори против надворешните барања, се соочува со нови услови и од дома.
Ковачевски да внимава што ветува, без разлика на наградите кои ги добива од ДУИ, без разлика колку и да мисли дека опстојувањето на власт му е најважно од се, тој мора да остане достоинствен. Само месеци не делат од изборите, и треба да знае дека по истите ќе следи одговорност“, соопшти Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.