Воја И.(73) е пронајден без знаци на живот во куќа во Смедерево, а истражителите се сомневаат дека е убиен. За делото се осомничени три жени, снаа и нејзините две ќерки. Се сомничат дека мотив за убиството се нерасчистени имотни односи.
Уапсени се снаата М.И.(73) и нејзините ќерки А.И. (44) и Б.И. (45)
Обвинителот нареди обдукција. Неофицијално, тие го претепале со раце и нозе и го задавиле.
Ова семејство наводно има долгогодишен спор околу куќата во која е пронајдено телото на жртвата. Убиен В.И. немал деца, а неодамна се вратил од Канада и осомничените жени го принудивале да им ја препише куќата, но тој не сакал.