„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Од:

Вишиот суд во Подгорица ја укина одлуката со која се прифаќа кауцијата од вкупно 800.000 евра, понудена од сопругите на корејските државјани До Квон (32) и Хон Чанг Јун (37) за да се одбранат од обвиненијата за фалсификување пасоши со помош.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, Судскиот совет на Вишиот суд донесе одлука врз основа на жалбата поднесена од Основното државно обвинителство на решението за прифаќање на понудената гаранција со мерка надзор – забрана за напуштање на станот.

Обвинителството сметаше дека сумата од 800.000 евра понудена од корејските граѓани за нивната слобода не е доволна гаранција, ниту пак нивното ветување дека нема да бегаат доколку се прифати нивниот предлог за укинување на притворот и дека обвинетите немаат интерес да останат на територијата на Црна Гора доколку се на слобода, со оглед на тоа дека се очекува и нивна екстрадиција.

На судењето обвинетите изјавија дека се средно богати, а потоа рекоа дека поседуваат недвижен имот од неколку милиони евра.

– Поседувам стан во Белград и во Јужна Кореја. Станот во Белград е платен два милиони евра, за што има купопродажен договор кој е во депозит на судот. Има податоци од која сметка е платен станот. Мојата проценка е дека поседувам пет милиони евра – изјави Чанг Џун.

Квон рече дека тој и неговата сопруга се сопственици на стан во Сеул вреден три милиони евра.

Поранешниот „крал на криптовалутите“ До Квон и неговиот соработник Хон Чанг беа уапсени на 23 март на аеродромот во Подгорица со лажни костарикански пасоши. По нив е распишана потерница за измама од 40 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Кралот на криптовалутите кој е уапсен во Подгорица ја негираше вината: Понуди 400.000 евра да се брани од слобода

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска

Конфискувани 700 милиони долари од Банкмен-Фрид

Горан Наумовски

Голема акција против бугарска банка за криптовалути