Тешко повреден мотоциклист од Неготино

Од:

Во 00.05 часот по полноќ било пријавено дека во Неготино на улицата „Индустриска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Р.Д. од Неготино и мотоцикл „априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Неготино, соопшти МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино, извести МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе