Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Од:

Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.  Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Според агендата, Џафери ќе ја посети и изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Чествувањето на Св. Кирил во Рим ќе заврши со положување цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Џафери вчера најави дека цвеќе ќе биде положено заедно со бугарска делегација.

– Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим

Мицкоски: Нема лева или десна, проевропска или происточна, постои само една Македонија

Ковачевски: На Плаошник најгласно одекнува вечната и непобитна вистина за потеклото на нашиот македонски јазик, писменост и идентитет

Катерина Ѓуровски

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Започна дводневното одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24 Мај

Млади музичари од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

Ана Ололовска