Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Од:

На новата должничка листа, во првите „50 најзадолжени“ се наоѓаат шест општини и Град Скопје и нивните обврски се бројат во милиони евра. Не само општините, големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од самите локални власти, пишува Порталб.мк. Во првиот квартал од годинава новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека вкупниот внатрешен долг на сите општини изнесува 64,1 милион евра.

Долгови на општини и нивните јавни претпријатија!

Со највисок износ на доспеани а неплатени обврски е Општина Тетово која на новата должничка листа е рангирана на 7 место. Пријавениот долг на општината изнесува 14,1 милион евра. Долг од 5,8 милиони евра пријавило и Јавното комунално претпријатие Тетово ЦО – Тетово. На територијата на оваа општина долг од 161 000 евра пријавил и Државниот Универзитет Тетово, основно училиште, Тетовската гимназија, ЈП Градски паркинг Тетово.

Со износ на долг од 8 милиони евра, втора најзадолжена е Општина Гостивар, која на должничката листа е рангирана на високо 12-то место. Долг од 3,7 милиони евра пријавило и Јавното претпријатие Комуналец Гостивар, доспеани а неплатени обврски на територијата на оваа општина имаат и Општа Болница Гостивар, основни училишта, ЈП Паркинзи и зеленило, Основен суд Гостивар.

Трета најзадолжена е Општина Охрид која, рангирана на 13 место, пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 6,3 милион евра. Долг од 6 милиони евра пријавило и ЈП Водовод Охрид а на должничката листа од територијата на оваа општина се наоѓаат и Општа Болница Охрид, Клиниката “Св Наум Охридски“, ЈП Комуналец Охрид.

Четврта најзадолжена е Општина Делчево која на крајот на март пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3,1 милион евра. Долг од скоро 374 000 евра пријавило и ЈКП Брегалница. Според висината на долгот оваа општина е рангирана на 26 то место на нова должничка листа.

Општина Струга со износ од 2,5 милион евра, доспеани а неплатени обврски на крајот на првиот економски квартал, е петта најзадолжена општина, рангирана на 32 место. Интересно е дека ЈП Водовод и канализација Струга има повисок долг до самата општина, на крајот од март јавното претпријатие пријавило скоро 3,5 милион евра доспеани а неплатени обврски. На територијата на оваа општина долг во износ од 1,9 милион евра има и Општа болница Струга, а на должничката листа се и ЈП Комунално Струга, Завод за нефрологија Струга, повеќе од десеттина основни училишта како и струшкиот затвор КПД од отворен вид.

Во групата „50 најзадолжени“ е Општина Прилеп, која се наоѓа на 49 та позиција, со пријавени неплатени обврски во од 1,7 милион евра. На територијата на оваа општина долг во износ од дури 2,1 милион евра пријавила Општа Болница Прилеп, а неплатени сметки имаат и КПУ Затвор Прилеп, ЈКП Комуналец Прилеп.

Вкупниот долг на само на овие шест најзадолжени општини, Тетово, Гостивар, Охрид, Делчево, Струга и Прилеп, во привиот квартал изнесувал речиси 36 милиони евра што претставува повеќе од половина од вкупниот долг на сите општини во државата.

Долгови од скоро или над 1 милион евра имаат и општините Арачиново со речиси 1 милион евра, Ѓорче Петров со скоро 1,1 милион евра, општина Липково 1,2 милион евра, општина Дебар со скоро 1,3 милион евра долг, општина Чаир со речиси 1,4 милион евра, општина Сарај со долг од 1,4 милион евра, општина Кичево со пријавени е неплатени обврски во износ од скоро 1,5 милион евра и општина Василево со 1,5 милион евра долг.

Град Скопје на крајот на март годинава пријавил доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3 милиони евра и според висината на долгот е рангиран на 28 то место на новата должничка листа. На новата листа на должници, како што објави “Порталб“ се наоѓаат 944 државни и локални институции, министерства, агенции, училишта, болници, јавни претпријатија, државни фирми а вкупниот внатрешен долг на крајот на март годинава достигна 441 милион евра, зголемен за 22,7 милион евра во однос на состојбата на крајот на декември лани.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска