(ВИДЕО) Асоцијацијата на компаниите за достава на пратки почна со работа: Борба со нелојалната конкуренција е главна цел

Од:

Започна со работа Асоцијацијата за дистрибуција и достава на разни добра и услуги која ќе ги претставува интересите на поштенските оператори, но и ќе им создаде услови на компаниите од оваа фела да остварат меѓусебна соработка и да ги споделуваат најдобрите практики со цел да се зголеми квалитетот на поштенските услуги.

Асоцијацијата ќе им овозможува на своите членки различни поволности и иновативни решенија преку соработка за да се решат заедничките предизвици, а има за цел да биде влијателен играч во име на индустријата во рамките на поштенската регулаторна средина.

– Ова е прв состанок на Асоцијацијата. Ова одамна недостасуваше, овој бизнис е многу актуелен во последните неколку години. Сакаме да воведеме подобри услови, техники и обуки, да се организираме заеднички како фела, да помогнеме околу регулативите бидејќи ние доцниме многу во Европа. Ќе дадеме доста иницијативи, ќе го регулираме пазарот, имаме доста нелегални доставувачи, имаме доста за работа во овој сектор. Решивме да се организираме, нас како општество ни фали ова здружување. Ќе пробаме да направиме една успешна Асоцијација која ќе даде добри резултати.

Ние сакаме да направиме регистри по разни основи, да утврдиме позитивна регулатива и да отстраниме одредени аномалии кај нас. Генерално во Македонија има доста злоупотреби со доставата, особено во државните институции, има одредени компании со монополски позиции, имаме проблеми со нелегални доставувачли. Ние се здружуваме сега за да излеземе со еден став кој ќе ги подобри овие работи и кој ќе овозможи поквалитетна достава. Македонија е една од последните држави во Европа со овој начин на развој на бизнисот. Ние мора да го подобриме тоа и да бидеме поконкурентни – истакна претседателот на Асоцијацијата, Игор Гешовски.

Членките на Асоцијацијата која ја сочинуваат најголемите фирми за поштенски услуги, зборуваа за нелојалната конкуренција, неправилното адресирање на пратките, државната регулација, регулирањето на ценовниците, за законски решенија и регулативи за промена на ценовник на нотарски пратки, извршителски пратки и вон волуменски пратки, како и за формирање на регистар од јавен карактер за проблематични клиенти и работници.

Би можело да ве интересира

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки

ВИДЕО: Последни сме во Европа, кај нас писма патуваат и по пет месеци – интервју со Гешовски, Еко Логистик