Недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

-При претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – Скорпион“ со калибар 7,65 мм, кој како оружје им е целосно забранет на граѓаните, како и рамка за тој пиштол. Освен тоа, бил пронајден уште еден пиштол и 72 куршуми со различен калибар, ловна пушка и 14 патрони ловна муниција, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

При претрес, пак, во станот во кој осомничениот имал пријавена адреса на живеење биле пронајдени уште 500 куршуми мало зрно со калибар 4 мм.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи, како што се наведува во соопштението од Обвинителството, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај