Бектеши: По направените анализи ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

Од:

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките.

Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите рече дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат.

– Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски