Почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев

Од:

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија.

Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30. мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.

Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

Автор е на две монографии со наслов „Рак на дојка” и „Рак на тиреоидна и паратиреоидни жлезди”, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјава и во странство.

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои, Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, Државната награда ,,11 Октомври”, како и наградата на град Скопје ,,13 Ноември”.

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре, на градските гробишта ,,Бутел” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски