Дабиќ: Бујар Османи го приватизира претседавањето со ОБСЕ

Од:

Меѓународните организации, односно мултилатералата е добра прилика за промовирање на интересите на Македонија. На маса и под маса можете да ги промовирате своите интереси и овие организации се добар пат за помалите држави, бидејќи таму барем на хартија тежат еден глас, рече Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ на дебатата во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема Катастрофална меѓународна политика на Македонија.

„Самото учество на Македонија дава огромна шанса да ги претставите пред другите своите проблеми за да се заштити националниот интерес на Македонија“, рече Дабиќ.

Дабиќ се осврна и на македонското претседавање со ОБСЕ.

„Во ОБСЕ никој жив не сака да претседава прво, поради големите финансиски суми кои ги одвојува земјата претседавач, второ, поради губење на релевантноста на ОБСЕ. Во Македонија прво беше побарано 8 милиони евра за претседавањето, а потоа 5 милиони евра само за оваа година, а Македонија учествува и во претседавачката тројка“, рече Дабиќ.

Дабиќ посочи кога улогата на ОБСЕ била голема.

„ОБСЕ имаше голема улога по војните на просторот на поранешна СФРЈ во демократското опоравување, како прашањата за човекови права, владеење на право и слично“, укажа Дабиќ.

Говорејќи за идејата за центар за медијација во рамки на ОБСЕ рече дека не е реална, бидејќи немаме никаков капацитет да водиме таков центар.

– Дилетантски е да се наметнуваме во области за кои немаме никаков капацитет. Се приватизира се па и меѓународната политика, така Бујар Османи го приватизира претседавањето со ОБСЕ – рече Дабиќ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите