13 лица загинаа, а повеќе од 10.000 се раселени во поплавите по обилните дождови кои го зафатија италијанскиот регион Емилија Ромања.
VIDEO: Helicopter footage of flooded farmland and neighbourhoods in Italy’s Emilia Romagna region, where at least 11 have died and over 10,000 evacuated pic.twitter.com/WBmptaEzg9
— AFP News Agency (@AFP) May 18, 2023
Штетата се мери во милијарди евра, а Владата ќе побара активирање на Европскиот фонд за солидарност, пренесува АНСА.
Во тој дел на Италија и денеска е во сила црвен метео аларм.
И синоќа имаше евакуации во Равена, а префектот на Равена Кастре Де Роса изјави дека слична ситуација не се случила повеќе од сто години и дека е потребна максимална вклученост на системот за цивилна заштита.
Во неколку градови се уште има населени места без струја и вода за пиење, додека на Апенините некои села се отсечени поради лизгање на земјиштето.