Положбата на Ромите во Чешка се влошува, смета Чешкиот хелсиншки комитет

Од:

Условите за живеење на Ромите во Чешка се влошуваат и фрустрацијата која поради тоа се создава води кон се поголем излив на расизам, особено кај ромското население, се вели во Годишниот извештај за 2012 година на Чешкиот хелсиншки комитет.

– Ромите се етикетираат како виновници за најразлични проблеми во општеството и се поголем е бројот на луѓе кои го искажуваат гневот кон нив, пишува во Извештајот.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, авторите предупредуваат дека се почесто во анти-ромските походи не учествуваат само членовите на екстремната десница, туку и граѓаните од останатата популација.

Тие за тоа вината ја бараат во премногу ,,лабавите” политичари како и во влошениот животен стандард кој придонесува кај многу луѓе да се појават разни фрустрации.

Затоа организацијата препорачува, државните органи да обрнат посебно внимание на злосторствата извршени од омраза: – Санкционирањето на тоа сериозно кривично дело е средство за заштита на сите поединци, општеството како целина и не се однесува само на заштитата на малцинствата, како што понекогаш погрешно се сфаќа и толкува, се потенцира во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница