Мицкоски на Генералното собрание на ЦДИ: Од непринципиелните барања на соседите и денес сме надвор од преговорите со ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски денеска се обрати на Генералното собрание на ЦДИ при што истакна дека земјава се уште е надвор од преговорите со ЕУ, заради непринципиелните барања од соседните држави.

-На Македонија, и покрај 30-годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече Мицкоски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Како држава, вели тој, ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност, но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ.

-Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито – надвор од преговорите. Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ