Каевски: Заради Мицкоски, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ Скопје е банкрот

Од:

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска е единствената причина за хаосот што му се случува на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот, го има мнозинството од членовите на управните одбори во јавните претпријатија и установи кои исто како Градот се едвај функционални рече на прес конференција пратеникот и протпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Токму ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја промовираа Арсовска како најдобра менаџерка, бараа доверба од граѓаните и заедно ја славеа изборната победа во Белиот дворец. Денес, една и пол година, Градот е со блокирана сметка и е пред банкрот. Во Скопје со месеци се случува хаос со јавниот превоз, а сообраќајот е колабиран особено по затворањето на мостот „Беласица“, проблем што мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска целосно го игнорираат. Над сто милиони евра народни пари потрошија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, не се реализираше ниту еден капитален проект а Градот и јавните претпријатија тонат во долгови. Со таков однос не е далеку денот кога Скопје и официјално ќе банкротира што е невидена катастрофа. Банкрот на градот ќе значи целосен колапс на јавните претпријатија, целосен колапс на градската администрација, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски