Страшна сообраќајка во Словачка: Автобус се наби во камион, се стравува дека има мртви

Од:

Во судир на автобус и камион на автопатот во Словачка има и повредени, а се стравува дека може да има и жртви.

Сообраќајната несреќа се случила утрово во близина на градот Кута во правец на Чешка.

Во несреќата учествувале камион и автобус со унгарски регистарски таблички, пишува Cas.ck.

Екипи на итната помош се на терен, а испратени се три хеликоптери.

Полицијата соопшти дека се повредени вкупно 37 лица. Според порталот Нова Час, едно лице е убиено.

Сообраќајот се пренасочува по околните патишта.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски

Тешка несреќа на патот Кичево-Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес