Сообраќајка на паркингот на Скопски аеродром, едно лице тешко повредено

Од:

Вчера попладне во 18.10 часот на паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(46) од Прилеп, извести МВР.

– По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А.(66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево