ВИДЕО: „Ќе ти ги пратиме братот и сестрата во дом“ – со закана 11 лица три години сексуално злоставувале и препродавале 14-годишно девојче

Од:

10 лица се уапсени, од вкупно 11 по кој се трага за „трговија со дете“, во акција која траела подолг период, а во која биле вклучени повеќе инсстуции

Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Трговија со дете по чл. 418-г од Кривичниот законик.

Според наводите првоосомничената, летото 2020 година, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство.

Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест.

Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена.

Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра.

Полицијата на подрачјето на Тетово на две локации изврши претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице се наоѓа надвор од Република Северна Македонија.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш. (51) од Тетово за кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ ( член 418-г став 3) од Кривичен законик. 

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.

За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95) е запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години. ​​

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски