Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска се потпишаа договорите за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Договорите се склучени со вкупно 204 корисници, претежно за набавка на примарна земјоделска механизација, односно 175 договори се однесуваат на набавка на трактори, а останатите 29 за приклучна механизација.
Вкупната вредност на инвестиците кои се опфатени со овие 204 договори изнесува околу 135 милиони денари.
Најголем број од барателите се индивидуални земјоделски производители, но меѓу корисниците има и земјоделски стопанства.
Во секторот лозарство склучени се 86 договори, во овоштарството 64, во делот на житните култури 36 договори и 18 договори за индустриски култури.
Според директорот на Агенцијата, Тони Димовски, интересот кај земјоделците секоја година е се поголем пред се за набавка на примарната земјоделска механизација.
– Освен оваа механизација која се кофинансира преку Националната програма за рурален развој, исто така се овозможува набавката на механзација да биде возможна и преку програмата ИПРАД за која огласот е во тек, истакна Димовски пред потпишувањето на договорите.
На новинарско прашање за пролонгирањето на рокот на огласот за ИПАРД програмата, Димовски информира дека тоа е сторено по барање на земјоделците.
– Отворен беше јавен повик во период кога се одвиваа годишни одм
ори. Веројатно заради обезбедувањето на потребната документација им излегуваме во пресрет на барањето на зeмјоделците. Рокот е пролонгиран до крајот на овој месец, појасни Димовски.