Група сексуално злоставувала дете: Девочјето го „продавале“ за сума од 50 до 200 евра

Од:

Полицијата под раководство на Јавен обвинител уапси група од 11 лица која е осомничена за кривично дело „трговија со дете“.

Во временскиот период од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А.Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.

„Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице е надвор од Македонија.

Би можело да ве интересира

Српски државјани купиле 14-годишна невеста од Скопје за својот син: притвор за четворицата осомничени за Трговија со дете

Ана Ололовска

Грчката полиција уапси Бугарин за трговија со бебиња

Седум години затвор за продажба на ќерка си

Ана Ололовска

Пет лица обвинети за трговија со дете

Татјана Ташкова