Полицијата од Тетово до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино.
Против правниот субјект се поднесени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. е осомничен дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“.
А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово.
Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.