Шкотски навивачи облечени во традиционална облека килт, шетаат низ центарот на Скопје.
Тие ги запоседнаа кафилињата на плоштад Македонија, разладувајќи се со пиво, во исчекување на вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Шкотска.
Во 20:30 минути, македонската фудбаласка репрезентација ќе ги одмери силите со селекцијата на Шкотска на арената Филип Втори, во рамки на 8-то коло во групата А од квалификациите за Светското првенство 2014-та.