(ВИДЕО) Експлозија во висококатница во Германија, нападот бил темпиран, има голем број повредени

Од:

Во германскиот град Ратинген денеска се случи експлозија во катна зграда, при што се повредени 10 пожарникари и двајца полицајци.

Причината за експлозијата се уште не е позната, но безбедносните служби не ја исклучуваат можноста да се работи за таргетиран напад, пренесува ЗДФ.

Здружението на сопственици на станови ја известило полицијата околу 10 часот наутро дека поштенското сандаче на еден станар е полно, по што на местото на настанот дошле пожарникари за да ја отворат вратата од станот.

Според ЗДФ, во станот живеат мајката и синот кои ја предизвикале детонацијата со предмет кој се уште не е идентификуван.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува