По обдукцијата на телата пронајдени во шума во југоисточна Кенија, каде што се собрале членови на евангелистичка секта кои почитувале екстремен пост, било утврдено дека на некои од телата им недостасуваат органи. Првите сомнежи се дека станува збор за трговија со органи.
Некои жртви – меѓу кои и деца – биле задавени, претепани или задушени, изјави водачот на тимот за форензика Јохансен Одуор.
„Извештаите од обдукцијата покажуваат дека на некои од досега ексхумираните тела им недостасуваат органи“, се вели во судскиот документ, наведувајќи ја „добро координираната трговија со органи во која учествувале повеќе актери“, без дополнителни детали.
Дирекцијата за криминалистичка истрага (DCI) бара да ги замрзне банкарските сметки на свештеникот Езекиел Одер, кој беше уапсен на 28 април во врска со случајот и ослободен со кауција.