Полицијата во Крушевац (Србија) ги уапси М.Ѓ. (63), Д.Ѓ. (65) и Д.Ѓ. (45) од Чичевац, за тешко убиство.
Тие се осомничени дека биле во куќата на М.Ѓ.. Таму тие и нанеле повеќе удари по главата и телото на 51-годишна жена со која М.Ѓ. во љубовна врска, соопшти СВР Крушевац.
Жената била пренесена во крушевачката општа болница каде од здобиените повреди починала.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до Вишото јавно обвинителство Крушевац, се вели во соопштението.