Библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп беше збогатена со 1600 примероци стручна литература, донација од Министерството за образование. Најнови наслови од повеќе области, меѓу кои од медицината, биологијата, менаџментот, социјалната политика, психологијата, правото преведени од странски јазик, им се достапни на читателите.
Станува збор за стручна научна литература од повеќе области од реномирани светски универзитети преведена на македонски, а наменета за студентите на македонските универзитети.
Овие книги ќе им бидат добредојдени на учениците и на студентите од Прилеп. Неодамна беше обновен и стариот фонд на лектири со стотина нови наслови за потребите на средношколците и на основците – потенцира директорот Петар Петрески.
Наскоро ќе се набават нови изданија од издавачките куќи, меѓу кои и најбараниот бестселер „Инферно“ од Ден Браун.
А.Ш.