„Министер задолжен за евроинтеграции признава дека го крши и злоупотребува европското знаменце. Штетни противуставни закони протнуваат како реформски е европски! Има ли поголем парадокс за бандитизмот на оваа Влада? Спремни се да кршат закони, да злоупотребуваат знаменца, за да туркаат криминал!“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа Ковачевски бега од дебата и се крие по две покани за ТВ дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!
На два пати лидерот Мицкоски го повика Ковачевски јавно да дебатираат за договорот за градба на делови од коридорот 8 и коридорот 10Д со кој што Македонија јасно се става во подредена позиција. Да не е така, Ковачевски би прифатил!
Молкот не е одговор! Молкот на Ковачевски и бегањето од дебата е потврда на штетите внатре во договорот.
Потврда дека Ковачевски прифатил да плаќа стотици милиони евра за аванси и пенали на приватна компанија која што ја договори без тендер и во 4 очи, прифатил работници да работат повеќе часови за да се полнат џебовите на надзорот, легалните и дивите објекти исто и еднакво да се обештетуваат.
Прифатил законите од правниот систем по кој што тој работи да се суспендираат.
Димитар Ковачевски, излези од глувчешката дупка и јавно соочи ги фактите за штетниот договор.
Излези Ковачевски од кукавичкото гнездо на телевизиски дуел со Христијан Мицкоски!
Доколку Ковачевски не знае што да каже пред фактите, Мицкоски му понуди и опција, нека го земе со себе и вистинскиот премиер Али Ахмети, нека ги земе сите министри на кои што Груби ќе им дозволи да зборат, само нека се појават пред јавноста на дуел. Христијан Мицкоски ќе дојде сам, да ги соочи со фактите.
Важно е Ковачевски да се појави на дебата за да види народот кој што крие и кој е во право, за да види целата јавност како се краде Македонија, и каков срам и тешка судбина носат на сите во Македонија.
Јавноста, народот мора да знае како и зошто завршуваат милионите од нивниот буџет!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.