ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од дебата, a Маричиќ вицепремиер за ЕУ интеграции кажува дека не ја ферма ЕУ само за да помине криминалот

Од:

„Ковачевски бега од дебата, a Маричиќ вицепремиер за ЕУ интеграции кажува дека не ја ферма ЕУ само за да помине криминалот. Ковачевски бега од дебата со претседателот Мицкоски, знае дека целосно ќе му бидат демаскирани лагите за договорот за коридорите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски нема храброст да излезе на дебата затоа што веќе редица функционери од власта признаа дека автопатите ќе чинат поскапо, ако не се донесат законите, но забораваат да кажат дека тие веќе чинат поскапо зошто обврските се создадени.

И додека Ковачевски бега од дебата, Маричиќ кој е вицепремиер за ЕУ интеграции призна дека ставиле европско знаменце на законските измени само за да поминат, не водејќи грижа за оправданоста.

Ковачевски бега од дебата затоа што нема како да ја правда 60 часовната работна недела која сака да ја воведе, за која веќе Уставен суд има одлука дека е против уставна.

Ковачевски бега од дебата затоа што знае дека го дерогира правото со желбата да му овозможи на изведувачот да експлоатира минерални суровини без дозвола, со добивање на лиценца по скратена постапка.

Ковачевски бега од дебата со претседателот Мицкоски, затоа што сите аргументи кои ги изнесе се вистинити, и знае дека ќе загуби.

Доблесно е Ковачевски да излезе на дуел, и покрај тоа што лаже за договорот, тој има одговорност пред граѓаните и не смее да се крие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје