Шефот на психијатријата во Лесковац, Горан Тојага повеќе не е директор.
Од таа функција поднесе оставка, откако на социјалните мрежи се појавија негови фотографии на кои позира со пиуштоли за кои сега тврди дека не се вистински.
„Ги отстранив сите фотографии од мрежите, не се вистински пиштоли. Тоа се фотографии од пред неколку години“ изјави Горан Тојага.
Тој додаде: „Кога Ружиќ поднесе оставка, поднесувам и јас“. Ваквата одлука ја донел по интервенција на министерката за здравство Даница Грујичиќ.