Во Ниш денеска е уапсен 17-годишно момче поради сомнение дека вчера на својот Инстаграм профил напишал дека денеска во Ниш ќе бидат убиени над 30 лица, соопшти Полициската управа во Ниш.
Со брзата и ефикасна акција на органите на прогонот, најпрвин бил идентификуван, а потоа лишен од слобода.
Судијата на Вишиот суд му одреди мерка притвор за кривично дело предизвикување паника и неред.