Бајден ја праќа војската на границата со Мексико

Од:

Соединетите Американски Држави испраќаат 1.500 војници на границата со Мексико, бидејќи се очекува зголемено пристигнување на мигранти по 11 мај, кога ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради Ковид.

Армијата ќе ја поддржува службата за царина и граничната заштита околу 90 дена, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер, пренесува Voice of America.

Федералната администрација повеќе од две години ги држеше на сила мерките што ги воведе претходниот претседател Доналд Трамп на јужната граница, а кои беа поврзани со заштитата на јавното здравје, под името Член 42.

Правилата и дозволија на Америка брзо да ги врати мигрантите во нивните земји на потекло или во мексиканските погранични градови.

Членот 42 стапи на сила во март 2020 година и оттогаш мигрантите се протерани од земјата повеќе од 2,7 милиони пати. Администрацијата на 1 април 2022 година објави дека правилото ќе биде суспендирано на 23 мај минатата година, но 19 држави предводени од републиканците се спротивставија на укинувањето и разни судски дејствија ја задржаа одредбата во сила.

Во јануари годинава, кога почна да се намалува бројот на случаи и смртни случаи од Ковид, федералната администрација објави дека вонредната состојба ќе заврши на 11 мај, со што ќе се укинат и вонредните мерки, вклучително и членот 42.

За да остане на сила, според оние кои се борат за правата на имигрантите, администрацијата на Бајден ќе мора да создаде нов член 42 или да ја промени одлуката за укинување на вонредната состојба на 11 мај.

Американските имиграциски власти проценуваат дека по 11 мај доаѓањето на мигрантите на границата ќе се зголеми на 10.000 до 13.000 луѓе дневно, од сегашните 5.000 на 8.000.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак