Владата ги усвои предлог законските измени со цел ефикасна реализација на коридорите 8 и 10 д

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги утврди Предлог-измените на неколку закони, коишто се однесуваат на овозможување ефикасна и квалитетна реализација на коридорите 8 и 10 д, како градби од стратешки интерес. Предлог-измените, како што информира владината прес-служба, ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија.

Утврден е текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) по скратена постапка.

– Со предлозите за измена и дополнување, според посоченото од Министерството за финансии, се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги којшто е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон инвеститор за цели на проектот од овој закон, соопшти владината прес-служба.

Разгледан е и утврден и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација. Со предложените решенија се овозможува поефикасна примена на Законот за експропријација за реализација на градби коишто се од стратешки интерес за државата.

Владата, како што е посочено, ја промовира регионалната соработка со ставање главен акцент и меѓународната димензија на сите видови транспорт, преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура, заедно со проширување на Основната и сеопфатната мрежа ТЕН-Т. Посветена е на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на делови што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, дел од основната мрежа на европските транспортни коридори.

– Односно, транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија, што е стратешка определба, усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030, стои во соопштението.

Владата го разгледала и утврдила и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Со предложениот текст се овозможува нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката на донесување и спроведување на тој урбанистички проект.

Разгледан и утврден е и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за градење. Со измените се утврдуваат посебен вид на градби, градби од стратешки интерес и тоа: државни патишта како градби чијашто изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), како и на железнички пруги и магистрални гасоводи, енергетски градби како и други инфраструктурни градби – утврдени како градби од јавен интерес. Изградбата на градбите од стратешки интерес е предвидено да се врши врз основа на урбанистички проект за градби од стратешки интерес, одобрен согласно Законот за урбанистичко планирање.

Владата го утврдила и текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка.

– При примената на законските одредби коишто се однесуваат на прекувремена работа, како што е објаснето од Министерството за труд и социјална политика, укажана е потребата од донесување одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија, има потреба тие да може да се спроведуваат и во недела, се подвлекува во владиното соопштение.

Работниците, како што се наведува во владиното соопштение, се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор. Работниците имаат право на дневен и неделен одмор. 

Би можело да ве интересира

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата

СДСМ: Цените растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Горан Наумовски

Владата не го чепка сопствениот луксуз, ама зема од најранливите, велат од Левица

Горан Наумовски

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он