Татко и син од Богородица осомничени за недозволено поседување оружје и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција.

-При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени една ловна пушка, една воздушна пушка, 140 патрони ловна муниција, 49 куршуми од различен калибар, една стрела за самострел и делови од оружје, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Двете лица, како што се посочува во соопштението, се осомничени за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Надлежниот јавен обвинител за првиот осомничен доставил предлог за определување мерка куќен притвор, а за вториот поднесен е предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и ги определи бараните мерки.​

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост