Последните информации од српските медиуми се дека во пукањето во Младеновац вечерва 21 годишниот Урош усмртил 10 лица и ранил многумина низ двете села низ кои бегал.
Според последни информации, напаѓачот стрелал и ранил 25 лица во две села кај Младеновац.
Првично отворил оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20 годишен полицаец и неговата сестра, но продолжил да пука и кон сите кои му се нашле на патот.
Според очевидци жртвите мирно седеле на клупа кога почнал крвавиот поход. Мештаните се во шок и очај! Голем е и бројот на повредени бидејќи момчето пукало и бегајќи со автомобил низ две села во близина на Младеновац.
Се стравува дека може да и има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца.
Повеќето од ранетите се пренесени во Белград
На 8 ранети од Младеновац им е укажана помош во Ургентниот центар во Белград, 1 лице во Смедерево, а 2 пациенти во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“.