Во Ерусалим откриени монети и медаљон од 7-oт век

Од:

Археологот Еилат Мазар од Хебрејскиот универзитет денеска соопшти дека на Ридот на Храмот во стариот дел на Ерусалим открила 36 златни и сребрени монети и еден голем медаљон со еврејскиот свеќник Менора на него, за кои се верува дека потекнуваат од 614-та година.

Мазар инфромира дека на местото на откриените монети и медаљон пронашла и накит и други предмети со еврејски симболи, како и свитоци од Тората.

Овие предмети биле пронајдени во остатоците на една византиска јавна зграда на околу 50 метри од јужниот ѕид на ридот на кој се наоѓал библискот Храм.

Ридот на Храмот е свето место за евреите, но и за муслиманите кои го нарекуваат Харам ал-Шариф (Возвишено засолниште) на кое се наоѓа џамијата Ал Акса.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ