Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.

Од кабинитетот на Пендаровски потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс.

На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Претседателот Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година.

Би можело да ве интересира

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Кралот Чарлс е бесен поради потегот на Хари: Не го почитуваше принципот

Бакингемска палата: Кралот и кралицата патуваат во Канада за прв пат по крунисувањето

Кралот Чарлс е хоспитализиран: Сите идни посети се откажани

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија