Влада: Законите за следење на комуникациите и за АНБ да преминат во надлежност на Министерството за правда

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ja разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата – Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.

-Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе), се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски