Хулигани нападнаа еден од најдобрите европски кошаркари, тој поради повреди заврши во болница

Од:

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед, заврши во болница откако беше нападнат од хулигани во Москва.

Русинот се здобил со повреди на главата при напад пред ресторан, од каде бил пренесен во болница. Кошаркарот имал разговор и со полицијата која сега трага по непознатите напаѓачи.

Алексеј во декември ќе наполни 35 години, а во кариерата беше шампион на Евролигата со ЦСКА (2008), член на идеалната петорка на ЕП (2017), МВП на Еврокупот (2017) и најдобар асистент на Евролигата. (2021).

Тој исто така играше во НБА за Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк, а помина шест сезони во Химки, од каде се врати во ЦСКА во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Почина кошаркарот Дејан Милојевиќ

Кошаркар на Филаделфија e повреден од автомобил додека минувал улица

Познат руски кошаркар е тешко повреден во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се појави снимка од претепувањето на Алексеј Швед: Фрактура на череп и губење на меморијата, хулигани го унаказија Русинот

Ана Ололовска

Швед ја заврши репрезентативната кариера

Ана Ололовска

Лука Дончиќ избран за најдобар кошаркар во Шпанија

Ана Ололовска