Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Од:

Кога водачот на Меѓународната црква на добрата вест, пастор Пол Мекензи Нтенге, рече дека светот ќе заврши во 2023 година, сопругата на Стивен Мвити му поверува и му се придружи на култот со нивните шест деца.

45-годишниот Мвити сега е убеден дека неговото семејство умрело од глад. Да потсетиме, во источна Кенија полицијата ексхумираше 110 тела од масовните гробници на христијански култ чии членови се изгладнуваа до смрт бидејќи веруваа дека така ќе го сретнат Исус.

Сопругата на Мвити, Бахати Џоан, беше бремена кога се приклучи на христијанскиот култ во август минатата година, земајќи ги со себе нивните деца: Хелен Карими (9), Семјуел Киримил (7), Џејкоб Кимати (3), Лилијан Гатумби (18 месеци) и Анџелина Гатумби (седум месеци).

Мвити подоцна дознал дека неговата сопруга родила син во сектата, кој исто така починал. Таа е жесток следбеник на пасторот Мекензи од 2015 година и отиде во Шакахола за прв пат во 2021 година, а потоа постојано доаѓаше и заминуваше.

“Ги препознаа од фотографиите. Ги знаеја нивните имиња и каде се закопани Џејкоб и Лилијан. Ми рекоа повеќе да не се обидувам да ги барам. Сите тие се мртви”, рекол Мвити, а пренесуваат Би-Би-Си.

Истражителите досега мапираа 65 места во шумата Шакахола каде што беа закопани членовите на култот. Секој од нив содржел неколку плитки гробови со неколку тела. Некои од пронајдените тела биле завиткани во бела пластична фолија.

Оние кои ги откопаа телата велат дека сè уште ги прогонува она што го виделе. Надлежните досега ископале 110 тела, но стравуваат дека бројката може да биде и поголема. Полицијата вели дека некои членови на култот, освен што биле изгладнети, најверојатно биле задавени или претепани до смрт со тапи предмети.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца