Едно лице загина денеска, а 25 се повредени, од кои седум потешко, во сообраќајна несреќа на југот на Шпанија каде што се превртел автобус со марокански сезонски работници, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила рано утринава во Андалузија, а во автобусот имало 34 марокански земјоделски работници.
Една жена загина, а уште 25 лица се повредени, соопшти локалната служба за итни случаи, додавајќи дека не се знае точната причина за несреќата.
Андалузија е позната како еден од водечките европски извозници на овошје и зеленчук.
Шпанија традиционално се потпира на илјадници странски сезонски работници за берба на овошје.