Стоилковски: За ова што се случува во судството и обвинителството директно виновна е Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС

Од:

Денес потрпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по прес конеференцијата од медиумите беше запрашан за утрешниот обид за избор на престедател на судскиот совет и кој е ставот на партијата.

„За состојбите во судството и во обвинителството директно виновна е Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС. Мафијата на власт си најде чираци во судството и во обвинителството за да им се амнестира криминалот. Шест години велеа дека ќе направат реформи и реизбори, дека ќе правеле поинакво судство. А, денес креваат раце од сето тоа“, нагласи Стоилковски.

Стоилковски посочи дека раководството во судствата и обвинителствата се нивни, односно на ДУИ и СДС. Ова што се случува е вандализам, багабонтство и процес кој што не само што ја срами Македонија туку е процес кој што нанесува трајни штети и последици пред меѓународни партнери. Партиски кланови се борат кој да биде претседател, па кој потоа да биде избран за судија, тоа е едно девалвирање, вандализам и багабонтство на отворена сцена пред македонската и меѓународната јавност.

„Ова дури и на држави со авторитарни апсолутистички режими не им е пракса. И затоа велиме што побрзо избори, за вакви сцени да не гледаме се повеќе и повеќе“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ