Неверојатни сцени на насилство беа видени на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Африка, но еден навивач со моторна пила на трибините ги шокираше сите.
Екипата на Esperance од Тунис ќе игра полуфинале во африканската Лига на шампиони откако во двомечот со алжирска Кабила вкупниот резултат беше 2:1, но вториот натпревар од овој двомеч го одбележаа големите немири.
По првото полувреме навивачите на домашната екипа се обидоа да упаднат на теренот и во еден момент успеаја. Натпреварот мораше да биде прекинат повеќе од 30 минути бидејќи навивачите ги истураа корпите за отпадоци, ги запалија и се тепаа со органите на редот, а на снимката се гледа дека полицијата користи солзавец за да ги растера навивачите. Тогаш мораше да се вклучат и пожарникарите, а потоа на трибините беше видена најдраматичната сцена.
Wiem, że niektórzy kibice mają swoje sposoby na wnoszenie niedozwolonych przedmiotów na stadiony.
Ale jakim cudem ktoś na ćwierćfinał afrykańskiej Ligi Mistrzów wniósł piłę łańcuchową?😅
🇹🇳Esperance Tunis – JS Kabylie🇩🇿👇#AfrykaGra #TotalEnergiesCAFCLpic.twitter.com/c1DBfpPOqm
— Adam Zmudziński (@Adam_Zmudzinski) April 30, 2023
Еден од навивачите бил на трибините со моторна пила, а кога се појави сите околу него се разбегаа додека тој со „оружје“ што некако го донел на стадионот почна да шета по трибините и да ја „тестира“ пилата. На крајот мечот заврши со резултат 1:1, а со оглед на тоа што Esperance го доби првиот меч со 1:0, сега во полуфиналето на африканската Лига на шампиони ќе се сретне со Ал Ахли. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Видад Казабланка од Мароко и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка.