Мане: Подготвен сум да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп

Од:

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане призна дека би заменил трофејот од Лигата на Шампионите, кој Ливерпул го освоија на почетокот на месецов, за оној од Купот на Африка.

Голгетерот е капитен на Сенегал, кој досега никогаш не го освоил најголемото одличје во африканскиот фудбал.

„Од нас зависи да постигнеме нешто големо. Се разбира, ние сме еден од фаворитите, не можеме да го криеме тоа. Но, тоа не е доволно за да стигнеш до крајот. Да го освојам трофејот со мојата земја, која никогаш досега не го освоила Купот на африканските нации, ќе биде прекрасно. Јас сум дури и подготвен да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп. Враќањето во Дакар би било исклучително. Ова е мојот најголем и најлуд сон“, изјави Мане во интервју за „Франс Фудбал“.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивач со моторна пила направи хаос на трибините

Предраг Петровиќ

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Африкански куп на нации: Судијата два пати предвреме го заврши дуелот Мали – Тунис

А1он