Премиерот на Турција, Таип Ердоган оцени дека изборот на Токио, а не Истанбул, за домаќин на ОИ 2020 не е фер и дека со тоа МОК им „сврте грб на муслиманскиот свет“.
Членовите на МОК во сабота навечер во Буенос Аирес на тајно гласање избрале Токио да биде домаќин на Олимписките игри 2020 година. Главниот град на Јапонија доби 60 гласови, а Истанбул 36.
-И двата града, Токио и Мадрид претходно организираа игри, додека Истанбул не. Тоа не е фер. На некој начин МОК ја прекинува врската за 1,5 милијарди лица од муслиманскиот свет-изјави тој.
МОК имаше тежок избор помеѓу три града со сериозни проблеми. Економската катастрофа е проблем во Шпанија, масовните протести во Турција и нуклеарката Фукушима која што е во близина на Токио.
Елена Георгиевска