На застрашувачка видео снимка од надзорни камери покажува како тригодишната Луз Маида е однесена од маж кој подоцна ќе ја силува и убие во раните утрински часови во петок во Педро Хуан Кабаљеро, Парагвај.
Нејзината мајка Аурелиа Салинас (42) ја продала на своето момче, дилер, во замена за дрога вредна 11 евра. Нешто повеќе од 24 часа подоцна, крвавото тело на Луз било пронајдено во напуштена куќа.
Полицијата не го соопшти името на напаѓачот, но се знае дека силувал и убил тригодишно девојче. Нејзиното мало тело било пронајдено завиткано во маица. Пронајдена е на креветот на напуштена куќа, пишува Daily Mail.