(ВИДЕО) Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

Од:

На денешната 113 Седница на Собранието на Република Северна Македонија која беше резервирана за пратенички прашања, одговарајќи на прашање од пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потсети јавноста за случувањата од 27 април 2017 година.

„Многу е интересно што човек како вас во 2017 година упадна во Собранието и беше подготвен со таа група да убива пратеници, денеска има храброст да стане и кажува за чесност, доверба, одговорност. Треба да се потсетите на 2017 година и да кажете фала богу што не бевте дел од истрагите или што се сокривте и што бевте дел од луѓето кои наместо да излезете и кажете ние ве подготвивме да убивате во Собрание, вие ги ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а ургирате со вашиот лидер да се заштитат оние за парцелите во Делчево. Кога зборувате за криминал треба да имате доблест и да кажете дека сега излегувате и зборувате за криминал, а 2017 бевте дел од луѓето кои влеговте во Собрание, рушевте уставен поредок и сакавте да убивате пратеници”, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

А1он

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

A1on

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

A1on

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Постапете согласно законот, ДУП-от за Карпош, за дел во Злокуќани не е во корист на граѓаните

Ана Ололовска