(ВИДЕО) Спасовски: Најголемата заплена на дрога во овие три месеци е поврзана со лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На денешната 113. Седница на Собранието на Република Северна Македонија која беше резервирана за пратенички прашања, пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ постави прашање до министерот Оливер Спасовски за пукање од страна на лице Самет Мисими и што МВР превзело околу тоа.

Министерот Спасовски информираше дека за конкретното лице има поднесено кривична пријава од страна на МВР.

„Преземени се сите криминалистички и истражни дејствија и претходно е поднесено уште една кривична пријава. Значи има две активни кривични пријави против тоа лице поднесени до Јавното обвинителство во Скопје.

Министерот Спасовски ги изложи бројките и статистиките за криминалитетот, сообраќајот и количините на запленета дрога кои се подобри од истиот период од минатата година, а минатата година е најбезбедна и една од најдобрите години во сите сегменти на безбедноста, борбата со криминалот од осамостојувањето до денес.

„Во однос на резултатите за спречување на трговијата со дрога имаме одлични резултати. За овие три месеци имаме запленето 1.56кг кокаин, 129 килограми марихуана и 6.5 килограми амфетамин. Дополнително имаме заплена на 1.57 тони марихуана во вредност од околу шест милиони евра од правни лица од кавадаречко и битолско. Оваа марихуана е од лица блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Да се потсетиме и на вашата професорка по германски јазик во училиште во Аеродром, член на избирачкиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром на последните локални избори. Тоа се структурите кои ги поддржувате и за кои се борите. Сообраќајните незгоди со загинати се намалени за 3.6% проценти од истиот период лани. Вкупното намалување на целокупниот криминалитет за првите четири месеци е 12.26%“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски во делот на прашањето за назначување на началник на ЕВР Гази Баба потенцираше дека пратеникот и со тоа и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е информирано бидејќи началник има назначено уште од првиот ден и градоначалникот на Гази Баба кој е од ВМРО-ДПМНЕ тоа го знае.

„За полициската станица во Автокоманда, немате врска дека има нов началник на ЕВР Гази Баба уште од првиот ден, а тоа господинот Јовановски, немате поим за местото каде што живеете, а не да кажувате за Македонија“, потенцираше Спасовски..

Министерот Спасовски на крај потенцираше дека секогаш е подготвен со конкретни бројки, статистики и факти да аргументира се што е направено во неговиот мандат и сите реформи кои се направени во МВР за денес тоа да биде институција во која граѓаните имаат голема доверба и една од трите најтранспарентни институции на извршната власт.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

А1он

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

A1on

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

A1on

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

Ана Ололовска