Македонската амбасада во Прага приреди прием за Денот на независноста

Од:

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, македонската Амбасада во Прага организираше прием на кој присуствуваа претставници на општествениот, културниот и политичкиот живот, на дипломатскиот кор и Македонци кои живеат и работат во Чешка.

– Од 1994 година, нашите билатерални односи целосно и длабоко се развиваат во дух на пријателство и партнерство. Нашите две држави се исто така споени со долга историја и културна традиција кои датираат од Моравската мисија на Св. Кирил и Методиј пред 1.150 години, истакна македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчески.

Тој додаде дека успешната соработка во политичката, економската, воената, културната и други области меѓу двете земји продолжува, исто како и постојаната секогаш гласна чешка поддршка за македонските европска и евроантлантска интеграција.

– Сето тоа во голема мерка придонесе за фактот Република Македонија да е мирна и стабилна земја, подготвена да стане членка на ЕУ и НАТО, посочи Стојчески, изразувајќи им добредојде на многубројните гости.

Одбележувајќи го големиот празник, со македонските домаќини во пријатна амосфера гостите имаа можност да уживаат во македонската храна и да дегустираат македонски вина, проследено со звуците на македонскиот мелос.

На приемот присуствуваа над 150 гости, меѓу кои чешкиот министер за внатрешни работи Мартин Пецина, заменик министерот за надворешни работи Карел Борувка, заменик министерот за животна средина Томаш Тесар, како и претставници од чешкиот Парламент.

За прославувањето на 22-годишнината од осамостојувањето на нашата татковина, беше искорисен просторот каде што е во тек изложбата на Светската галерија на цртеж на галеријата „Остен” од Скопје.

Изложбата „Остен – уметност на хартија”, отворена на 20 август, која предизвика голем интерес и посетеност кај Чесите изминатите недели и која ќе трае до 15 септември, ги претставува наградените трудови од меѓународното Биенале на цртежи и карикатури, меѓу кои се уметничките творби на истакнати македонски и странски автори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски