„Македонија е грчка и нема компромис“ – Ова е видеото од „Златна зора“ во кое се фалат дека симнале македонски слики

Од:

Не може македонски слики да висат во Грција, посебно слики на личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, се вели во дел од видеото кое е објавено на youtube.

На видеото се објавени и фотографии и постови од Фејсбук профилот на уметникот, а за кои членовите на Златна зора велат дека покажуваат дека  уметникот „го оспорува грчкиот карактер на нашата земја“

Истото ова стои и на плакатите кои маскираните членови на Златна зора кои ја прекинаа изложбата на македонскиот уметник и ги симнаа неговите слики од зидот, ги залепиле на влезот на галеријата.

-Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

За инцидентот реагираа и од македонското МНР. Известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, стои во соопштението.

Во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен